речник контакт

Сообраќајка близу Сарамзалино, еден починат

Директен судир на автобус и автомобил, чиј возачот И.А. (29 год) од Скопје починал на лице место

Петар Печков

Петокот попладне во сообраќајна несреќа, близу селото Сарамзалино на магистралниот пат Велес - Штип, во која  почина млад скопјанец. Првичните информации од СВР Штип беа дека  двете возила се движеле во спротивна насока и се удрлие еден во друг.  Сликата од  несреќата  е  стравична, се гледа дека автомоиблто велтал во долниот дел од автобусот и од колата е само куп крш.  

На 30.03.2018 година околу 14,00 часот на магистралниот пат Велес - Штип кај клучката за село Црнилиште, се случила сообраќајна незгода помеѓу автобус „Темса опалин“ со велешки регистарски ознаки, управуван од Љ.Ц. (64) од Велес и патничко моторно возило „Шкода рапид“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на друштво за транспортни услуги од Скопје, а управувано од И.А. (29) од Скопје. Во незгодата на лице место починал возачот  И.А. - информираа од МВР. 

Увид на лице место извршиле јавен обвинител и екипа од полициската станица-Свети Николе. Сообраќајот на патниот правец Велес - Штип бил во прекин до 16.30 часот, а потоа се одвивал наизменично до 18.50 часот, по што е целосно нормализиран.

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »