Петар Печков
Објавено: четврток, 16 јануари 2020
Попладнево околу 16ч. сообраќајна несреќа се случила во близина на крстосницата за Горно Оризари. Автомобил со велешки регистарски таблички излетал од патот и удрил во дрво. Две лица се борат за живот.
Според сведоците, во автомобилот било четиричлено семејство од Горно Врановци, татко со две деца и неговата мајка, кое патувало од правец на Чашка кон Велес. Први на помош дошле велешките пожарникари.
Интервениравме со две возила и петмина пожарникари. Од возилото извлечени се жена и дете и предадени на докторите на итната помош - информираше Љупчо Лепидовски, командир ан ТППЕ Велес.
Околу 16ч. била побарана интервенција од Итната служба.
На терен беа испратени две екипи со две возила. На четирите повредени лица им е пружена неопходна помош и веднаш се префрлени во велешка Болница - изјави д-р Страхил Тодоров, портпарол на службата за Итна помош.
Повреденото семејство било згрижено на хируршкото одделение. Во овој момент по час и половина од несреќата првичните податоци ги сподели д-р сци Тодор Јаковлевски, портпарол на ЈЗУ Општа Болница Велес.
Извршени се неопходните испитувања, две лица се во животно загрижувачка, во тешка состојба и веднаш се префрлени на Клинички центар во Скопје. Едното од децата се подготвува за оперативен зафат а другото лице е задржано на одделение- изјави д-р Јаковлевски.
Од СВР Велес нема првични информации за сообраќајката. Поради увид, сообраќајот кон и од Чашка е во застој.
фото:архива
Tweet |