речник контакт

Сообраќајка кај Сопот, почина жител на Облешево

Автомобилот излетал од автопат, починал со возачот А.М. (46 год)

Петар Печков

Во петокот напладне 5 октомври во  12.30 часот на автопатот Скопје - Велес,  кај  наплатна рампа Сопот се случила сообраќајка, во која едно лице починало а едно е тешко повредено.

Околу 13ќ. во Општа Болница Велес на трауматологија,  донесени се две лица, од кое едното веќе било починато.  На второто лице му е укажана неопходната здравствена нега и помош, завршени се претраги и се наоѓа на одделение - рече портпаролот Марина Андова.  Од МВР информираа  дека починатиот и повредениот се жители на Облешево.   

К.М.(33) од село Облешево управувајќи патничко моторно возило „Фиат Пунто“ со бугарски национални ознаки  изгубил контрола над возилото и се превртел. Од незгодата на местото на настанот починал сопатникот А.М.(46) од село Облешево, а возачот К.М. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница Велес - пишува во соопштението на МВР.

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »