речник контакт

Со карван по училиштата се промовира книгата ,,Ова е наше време,, на Десанка Николова

Покрај промотивниот дел, овој караван има и хуманитарен карактер

Петар Печков

Со промоцијата пред учениците во ученичкиот дом „Лазар Лазаревски“ на стихозбирката „Ова е ваше време“ од поетесата Десанка Николова, започна промоцијата замислена како поетски караван пред велешките ученици.

Во следниот период авторката на книгата „Ова е ваше време“, Николова, заедно со промоторот на книгата, поетесата Лили Арсова ќе другаруваат со учениците од градот преку промоција која ќе ги посети сите ОУ во Општина Велес, училиштето за деца со посебни потреби Маца Овчарова, Детската градинка „Димче Мирчев“ и децата во Детското одделение во Општата болница.

Покрај промотивниот дел, овој караван има и хуманитарен карактер. Поетесата ќе ги донира своите книги на училиштата, а со дел од средставата добиени од продажбата  од книгата ќе се набават играчки кои исто така  ќе се донираат. Првата ваква акција е в понеделник во градинката во Дворови.

„Ова е ваше време“ е петта стихозбирка на Николова, а четврта за деца.  Автор е на три стихозбирки за деца и една за возрасни: „Детски свет-шарен цвет“ ; „Сонот на ѕвездата“ ; „И децата некогаш ќе пораснат“; „Емоционална контрацепција“ и „Ова е ваше време“.

Промоторот на книгата, поетесата Лили Арсова за содржината на книгата вели дека поетесата многу колоритно и ненаметливо  во своите стихови го опеала животот на детството. Самата книга „Ова е ваше време“ е поделена на шест циклуси кои се слеваат во едно прекрасно издание.

 Топло ја препорачувам книгата  до децата и до сите љубители на пишаниот збор . Испраќам порака за иднина исполнета со љубов до сите   со порака преку стихови од поетесата Десанка Николова „Светот на децата е најубава чудесна бајка,волшебно тркало што постепено се движи“ - вели Арсова.

АНКЕТА »

Дали е потребно забрана за користење на мобилни на наставата во училиштата?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »