речник контакт

Со автомобил порше слетале во двор, на влезот од Велес

Зад воланот бил 15 годишник. Тој и совозачот минале без повреди

Петар Печков

Четвртокот   попладне  на влезот во Велес, од правец на Штип, автомобил  слетал во двор на куќа. Возачот кој бил малолетник, и со возачот минале неповредени.  Автомобилот марка ,,порше,, излетал во близина на бензинската пумпа на Лукоил. 

Четвртокот во 14,30ч. на улица  Димитар  Влахов во Велес , поточно во близина на Железен  Мост, дојдено е до сообраќајна несреќа во која патнички автомобил марка „порше“ со скопски регистерски ознаки управуван од 15 - годишен малолетник од Велес слетал од коловозот и се забил во куќа, која е   лоцирана покрај патот. По несреќата возачот и сопатникот на возраст од 17 години  пренесени се во ЈЗУ Општа болница Велес заради укажување лекарска помош – изјави Анита Стојковска портпарол на СВР  Велес.  

Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР Велес. Соседите велат дека детето возело бргу, за што сведочат скршените шини кои ја држеле  жичената  ограда, која служела за заштита на дворот.

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »