речник контакт

Спасиќ победник на Отвореното првенство на Велес

Учествуваа 40 натпреварувачи во две дисциплини К-1 и Ц-1

Петар Печков

На патеката Стар мост во Велес се одржа Oтвореното првенство на Македонија во кајак и кану „Велес - 2014” . 

Во дисциплината К-1 (Мажи), првото место го освои Љубомир Спасиќ (ККК „Гемиџии” Велес), пред Борче Мирчевски (КК „Бабуна” Велес), додека третопласиран беше Атанас Николовски (КК „Илинден ‘90” Скопје).

Во дисциплината Ц-1 (Мажи), првото место го освои Александар Дамјанов (КК „Бабуна” Велес), а втор патеката ја заврши Александар Златаров (КК „Илинден ‘90” Скопје). 

На Отвореното првенство во Македонија „Велес - 2014“, учествуваа 40-тина натпреварувачи. А организатор беше  Кајак клубот „Бабуна” од Велес.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »