речник контакт

Старата зграда на велешки театар премина во сопственост на локалната власт

Дневен центар за лица со посебни потреби или место каде ќе се гради зграда

Петар Печков

Старата театарска зграда на велешкиот театар ,,Јордан Хаџи Константинов Џинот,,  Владата и ја додели на Општина Велес. Оваа одлука е објавена во Службен весник и објектот преминува во трајна сопственост на локалната власт.  Градоначалникот со две идеи, како да се искористи просторот

Доколку објектот е во добра состојба,функционален, може да се искористи и намени за Дневен центар за лица со посебни потреби.  Дополнително, за овој простор Општина Велес има изработено ДУП со кој се предвидува изградба на станбено деловен објект приземје и двокатница - изјави градоначалникот Славчо Чадиев.  

Објектот кој се наоѓа на улица Илинденска, близу Автобуската станица   располага со околу 700 м² корисна површина и близу 800 м² дворно место според проценки на надлежните вреди околу 200 илјади евра. Изминатите години на Општина Велес и беа доделени во сопственост уште неколку други капитални објекти, со што вредоста на имотот кој го поседува локалната самоуправа неколкукратно се зголеми.

АНКЕТА »

Дали честите акциски контроли на сообраќајната полиција, изминатите два месеци, воведоа ред во однесувањето на возачите и пешаците?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »