речник контакт

Театарот од Суботица најдобар на Фестивалот во Стоби

Србите со нивната поставка на делото на Аристофан, според жирито биле далеку најдобрата понуда од трите претстави кои беа прикажани во натпреварувачка конкуренција

Петар Печков

,,Жени во народно собрание,, претстава на народниот театар од Суботица  го освои Гран при за  најдобра претстава а Никола Завишиќ  за најдобра режија  на годинашниот 12-ти по ред Фестивал на античка драма Стоби.  Србите со нивната поставка на делото на Аристофан, според жирито биле далеку најдобрата понуда од трите претстави кои беа прикажани во натпреварувачка конкуренција.

За женска улога награда доби Турчинката  Назин Јатгин како Минирна  од Лисистрата членка на хорот и Диме Илиев таткото на Евридика од истоимената претстава.  Турската претстава Лисистрата на Градскиот театар од Истанбил.  Тричленото жири во состав  Крсте Џидров сценарист, Зорица Панчиќ актерка и  Нена Витошевиќ режисер немале дилема околу доделувањето на наградите Афродита.

Концептот на претставата од Суботица која доби Гран при беше многу современ,  многу силен, точно ја покажува сликата на земјите  зад железната завеса и паѓањето на Берлинскиот ѕид, каде на цинично сатиричен систем порачаа дека да менуваме систем, ама и ние кога ќе дојдеме ќе бидеме исто така  систем. Одлична драматургија и прецизна режија, одлични  актерски креации, но оставивме простор да ги одбележиме глумите во други две претстави. Сепак траба да се знае дека главните награди кои отидоа за Лисистрата и Евридика, не беа на висина на  тоа што се очекува за главна ролја. Излезе дека две малку  или блиску до главните ролји се повпечатливи од останатите - рече Крсте Џидров.  

Во победничката претстава режисерот вешто ги вметнал и денешните епизоди, па така актерите играа тенис на Вимблдон како Ѓоковиќ и Надал, или публиката активно учествуваше во избор на нумера која актерите ја исполнуваа а можеа да се слушнат и Видован,  Миљацка на  Халид Бешлиќ или партизанската Уз маршала Тита.   Така годинава публиката во археолошкиот локалитет Стоби виде три претстави каде жената беше во преден план а две дела беа  потпишани од големиот комедиограф Аристофан.  Во сите  нив  имаше пеење, музика па публиката и покрај јазичните бариери одлично го прими.

Според тоа што го имавме можност да го селектираме од Балканот за античка драма, го донесовме најдоброто. Видовме различни претстави, одлично визуелно, префектон сценографија и костимографија Лисистрата, една од Суботица, совршена од режија и колективна актерска игра, од Македонија  единственото  тоа што го имавме сработено.  Имаме две претстави до странство кои годинава поради финансии немаа можност да дојдат, но побараа покана за да конкурираат до нивните Министерства за до година да учествуваат на Стоби. Со Буџетот со кој располагаме донесовме врвен квалитет  – рече  директорот Зоран Љутков, кој најави следната година  сигурно учество на најмалку пет претстави.

На свеченото затворање на фестивалот  Турскиот театар од Скопје ја изведе претставата „Шекспир во приказни“ во режија и кореографија на Кери  Невзати.

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »