речник контакт

Тест на Фројд кој ја открива Вашата личност

Вашиот одговор е одговор на тоа какви сте кога станува збор важни полиња од животот.

Петар Печков

За успешно направен тест важно е да не ѕиркате во резултатите и да давате искрени одговори, без многу размислување, туку она што прво ќе ви дојде на ум. Вие секако, не мора да се согласите со резултатите. Но запомнете едно - можете колку и да сакате да се залажувате себеси, но тоа никогаш не можете да го направите со вашата потсвест. 

Силата на умот е навистина неверојатна - многу луѓе успеваат да се убедат себеси и другите во нешто што всушност не е вистина.

Но ако сакате подобро да се запознаете себеси и да добиете визуелна објективна проценка на вашите стравови, без оглед на тоа што им велите на другите, направете го овој интересен тест.

Тестот бил создаден од Сигмунд Фројд, таткото на психоанализата, а се состои од неколку прашања на кои треба да одговорите. Важно е да дадете искрени одговори, а потоа да погледнете што тие значат.

Немојте да гледате во резултатите и дајте искрени одговори, без многу размислување, туку она што прво ви доаѓа на памет.

1. Гледате во море. Вашето прво чувство? 

2. Одите во шумата и гледате под нозете. Што чувствувате. Времето за одговор е не повеќе од 30 секунди. 

3. Гледате како летаат галеби. Што чувствувате? 

4. Гледате стадо коњи. Напишете го она што прво ќе го почувствувате, не размислувајте друго. 

5. Во пустина гледате ѕид со мал отвор позади кој се наоѓа оаза. Во овој случај потребни се дела, па затоа напишете што ќе направите.

6. Повторно пустина. Уморни сте од долгиот пат. Гледате сад со вода. Што ќе направите? 

7. Изгубени сте во шума. Станува темно. Гледате куќа во која свети. Што ќе направите? 

8. Во магла сте. Како се чувствувате?

Резултати

Секое прашање се однесува на одреден сегмент од вашиот живот. Вашиот одговор е одговор на тоа какви сте кога станува збор важни полиња од животот.

1. Вашиот однос кон животот, емоциите, чувствата.

2. Како се чувствувате во вашето семејство.

3. Вашиот однос кон жените.

4. Вашиот однос кон мажите.

5. Вашата основна животна стратегија и цел и начинот на кој ги решавате вашите проблеми.

6. Вашиот сексуален живот и избор на партнер.

7. Вашата подготвеност за брак.

8. Вашиот однос кон смртта.

преземено од http://www.fakulteti.mk/

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »