речник контакт

Тоше Проески четири години потоа

1981- 2007- 2011 Не прошуштајте ја вечерната специјална емисија на РТС каде големите балкански ѕвезди ги пеат песните на Тоше

Петар Печков

Тоше Проески загина на 16 октомври 2007 во трагична сообраќајна несреќа на автопатот Загреб - Липовац, кај местото Нова Градишка во Република Хрватска, на возраст од 26 години.[2] Во мигот на несреќата, Тоше се наоѓал на со-возачкото седиште во возилото Volkswagen Touareg кој со голема брзина удира во приколката на камионот пред него и потоа во крајпатната заштитна ограда.

 Тој ги објави албумите „Синот Божји“ (2000), „Некаде во ноќта“ (2001), „Ако ме погледнеш в очи“ (2003), „Ако ме погледаш у очи“- верзија на српски јазик (2003) „Ден за нас“ (2004), „Дан за нас“- верзија на српски јазик (2004), „По тебе“ (2005), „Пратим те“ - верзија на српски јазик (2005), „Божилак“ (2006), „Игри без граници“ (2007) и „Игре без границе“- хрватска верзија (2007). Тоше беше амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ, а постхумно е прогласен за почесен граѓанин на Македонија. Тоше Проески е роден на 25 јануари 1981 во Крушево

Вредно е да се погледне вечерната специјална емисија на Радио ТВ Србија  именувана ,,Балкан, спомен на Тоше,, Таа ја собра музичката елита од некогашните ЈУ републики кои пеат песни од Проески. Колегите од Словенија, Хрватска, БиХ, Србија и Македонија во недела во 21 часот на Сателитскиот канал на РТС. Во  емисијата ќе настапат: Калиопи, Аки Рахимовски, Хари Варешановиќ, Александра Радовиќ, Јелена Томашевиќ, Бора Дугиќ, Тони Цетински, Сергеј Ќетковиќ, Нина Радојчиќ, Антонија Шола, Марија Шерифовиќ, Саша Ковачевиќ, Борис Режак, Мари-Мари. Во рамките на емисијата ќе биде емитуван о документарен филм снимен во Крушево и Скопје за неговата кариера и хуманост.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »