речник контакт

Тринаесет бегалци досега усмртени по македонските пруги

Татко со едномесечно бебе, брат пред очите на малолетни сестри, двајца браќа...

Петар Печков

Четиринаесет жртви за една минута однесе завчерашната железничка несреќа близу Велес, што е повеќе отколку сите досега 13  кои се случија изминатите  7,5 месеци по македонските пруги.  Сите тие беа трагични семејни  животни приказни.  Сведоци на овие морничави моменти  секогаш се докторите и медицинските сестри. 

Ова со мигрантите е страшно, катастрофа. Сме биле  повеќе увиди, каде имало по еден или двајца прегазени. Немам зборови со кој можам да ја опишам глетката од ваквите несреќи.  Тоа е кошмар кој  ме следи цел живот - објаснува доктор од Велешката брза помош,  кому му се случило неколку пати да биде повикан на несреќа,  каде жртви биле бегалците.

Последната жртва од железничка несреќа беше  младата Нигеријка Граце Е.  (29 год) која беше прегазена и пронајдена мртва крај Миравци на 31 март. Првата беше на 1-ви ноември, возот го прегази Авганистанецот додека тој спиел на пругата. Сведоци на несреќата беа неговиот татко и четирите малолетни сестри. Сите настрадани се дел од група која се движела по македонските пруги. На влезот во Велес воз прегази двајца сириски бегалци, браќа на возраст од 22 и 23 години.

 Се помни и  кога на 6-ти ноември настрада татко со едномесечно бебе, кое го држел в раце, додека оделе по пругата. Ова се случи близу селото Давидово. Во несреќата загинаа и двајцата.  Неодамна на железничката станица во Велес беше откриена поголема група бегалци од Блискиот исток. Фатени беа 60 лица, додека некои успеале да скокнат од возот и побегнат, еден од  нив дури  и во март го препливал Вардар за да избега пред полицијата.  

Пред некој ден, на влезот во Велес, во камион шлепер беше откриен шверц на мигранти. Додека полицијата работела на нивна идентификација, дел од нив, ја исекле церадата и побегнале. Сведоците велат дека ги имало околу стотина. Првата откриена група на бегалци беше токму на Железничка станица во Велес, на 31 август. Броеше околу 150 лица, беа откриени во вагон за превоз на јаглен.   И додека бегалците бегаа за да спасат жива глава, за дел од локалното население, тие беа цел за разбојништва и измами. 

Секогаш мигрантите беа со  уредно платена возна  карта додека патуваат со воз, кога купуваа по продавници плаќаа учтиво и никогаш не  прелагаа некого. Напротив беа многу коректни. Наспроти тоа беа цел на измамници и разбојници  - велат железничарите.   Најчесто бегалците како ориентир  на нивниот пат кон подобар живот, кон земјите на ЕУ  ја користат железничката пруга. Кога застуди од декември до февруари, го сменија правецот, се движеа по автопат. 

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »