речник контакт

Тројца млади велешани од ладниот Вардар ja спасија сограѓанката

Дваесетина минути траеше борбата на Емин, Фаик и Махмут, да се спаси живот. За ова градоначалникот финансиски ги награди

Петар Печков

Емин, Фаик и Махмут, тројца млади момчиња од Велес во саботата навечер храбро скокнаа во реката Вардар да ја спасат нивната сограѓанка Л.С. (36 год). Животната драма се одвиваше во ладната река околу 20-тина минути, во саботата навечер во 19,20 часот. Л.С. со скок од мостот Гемиџии, се обидела да си го одземе животот. Очевидците зборуваат дека таа го соблекла сакото, се искачила на оградата и веднаш скокнала. Имала среќа што тоа го сторила во делот каде Вардар е најдлабок, оти за овој период од годината реката е невообичаено плитка и се гледа и дното. Прв на помош притекнал  Емин Асановски (26 год).

Слушнав повици за помош, викаше помош, помош. Беше жена и  беше фатена за гранките и молеше некој да и помогне  Скокнав по неа, ја донесов до колтукот, место до рибарите кое го градат за фаќање риба,  каде имаше гума. Тука ја држев се додека не дојдоа и други на помош. Беше многу ладна водата и сега ме болат бубрезите од студеното – вели Емин.

Тој се враќал од доктор каде примал инјекции, оти имал здравствени проблеми. Него во темнината  го препозна и екипата на Брзата помош која дојде да и помогне на жената.  Во тоа време преку мостот Гемиџии минеле и браќата Демирови, кои исто така несебично и храбро,  скокнале во Вардар да помогнат.    

Се враќав до Скопје од работа, кога видов многу народ на мостот, нешто гледаат. Кога видовме долу во реката жена како се дави жена, скокнавме со брат ми. Имаше многу народ ама никој не помагаше, сите гледаа и делеа совети, јас скокнав, не можев да бидам само  нем гледач -  рече Фаик Демиров (23 год)  женет со две машки деца.

Тој заедно со неговиот брат  и Емин, беа во водата се додека не дојде кајакар, кој со кајакот ја   презеде и пренесе Л.С. на суво.

Сакав да и помогнам на жената. Кога ја одведовме на суво ја прашав зошто скокна таа ми кажа дека си имала мака, домашни проблеми. Не е решение да си го земеш животот. Може е тешко ама Господ дал да живееме, и  со мака. Ништо не е лесно во животот -   објаснува Махмут Демиров  (21 год).

Иако тие живеат во субстандардни и лоши  услови, во Рамина, каде ниту пат на води до нивната куќа, нема вода,  струја, сепак го сакаат животот. И заедно со Емин и подарија живот на нивната сограѓанка Л.С. И најдоа време да ја посетат и во саботата по инцидентот и неделата во Општата Болница во Велес. Од таму изјавија дека Л.С. е вон животна опасност, беше згрижена на интерното одделение а потоа ќе биде префрлена на нервното одделение.

За овој гест градоначалникот Чадиев, ги награди младите спасители.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »