речник контакт

УЈП очекува електронска регистрација од граѓаните, даночни обврзници

Доколку поединецот не може, нема можност, не знае, тука се вработените кои на лице место ќе ја завршат постапката - кажа Борис Леов раководител на УЈП Велес.

Петар Печков

За да може УЈП да ја достави пополнетата Годишна даночна пријава на увид на граѓаните, како и за да можат граѓаните да ја исполнат својата законска обврска - да ја потврдат точноста или да ги коригираат податоците од пополнетата Годишна даночна пријава, потребно е навреме да се регистрираат на системот е-Персонален данок e-pdd.ujp.gov.mk.

Обврска за регистрација во системот има секое физичко лице кое во текот на 2018 година остварило приходи по било кој основ -плата, регрес за годишен одмор, приходи од закуп, од добивки од игри на среќа, од странство и други приходи кои подлежат на оданочување со персоналниот данок на доход,.

Истовремено, преку исполнување на оваа обврска граѓаните ќе имаат можност преку системот e-pdd.ujp.gov.mk да проверат дали приходите кои ги оствариле се соодветни во однос на искажаните од исплатувачите, а со цел да се спречи евентуална злоупотреба во врска со нивните лични податоци и примања.

 УЈП Велес е подготвена за оваа обврска. Вработените се обучени и секој граѓанин кој подлежи на оваа обврска треба да дојде и поднесе барање.  Доколку поединецот не може, нема можност, не знае, тука се вработените кои на лице место ќе ја завршат постапката. Ги повикувам граѓаните даночни обврзници да не го чекаат крајниот рок, крајот на годината за да се пријават - кажа Борис   Леов раководител на УЈП Велес.

АНКЕТА »

Дали треба и натаму летно и зимско сметање на времето?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »