речник контакт

УХМР предупредува Вардар надоаѓа , но и на свлечишта и одрони

Утрово реката Вардар во Велес со ниво од 170 цм

Петар Печков

Високите температури измерени во текот на вчерашниот ден, (caбота)  како и дождовите кои наврнаа во северните и западни делови на Македонија, придонесоа реките од овој дел на земјава да имаа висок водостој.  Така реката Вардар во Велес утрово во 7,30-ч. имаше ниво од 170 цм а просекот за месец март е 99 цм.

Од Управата за хридрометеоролошки работи предупреуваат дека  Вардар надоаѓа, бидејќи освен што таа во горниот тек има висок водостој, идентична е ситуацијата и со реката Пчиња, која е негова притока. Поради заситеноста со влага на почвата, можни се одрони и свлечишта 

Еве ја целосната информација од УХМР. 

Информациите од висинските метеоролошки станици кажуваат за понатамошно намалување на снежната покривка на станиците Маврово (48cm), Крушево (32), Лазарополе (25), Пожаране (32) Ѓуриште (15). Температурите измерени утрово се позитивни. Наврнат воден талог 2(l/m2) Штип, Струмица, Битола, 3 Кр. Паланка, 4 Претор, Ѓуриште, 5 Тополчани, Куманово, 6 Виница, 7 Прилеп, 10 Охрид, 11 Скопје, Лазарополе, 12 Крушево, 13 Пожаране, 15 Маврово, 19 Тетово, Дебар. 

Ваквата временска состојба условува постојан дотек на вода во суводолиците и реките. На хидролошките станици и понатаму следиме покачувања на водостоите. Највисоки водостои бележиме на реките Треска-Македонски Брод (219cm), Црна Река-Новаци (250), Боротинско Блато-Боротино (280), Вардар-Јегуновце (196), Вардар-Радуша (196), Пчиња-Катлановска Бања (184), Голема Река-Ресен (153), Сатеска-Ботун (124), Радика-Бошков Мост (132).

И понатака останува опасноста од локални излевања на реките Треска, Црна, Вардар во нивните горните текови, како и на нивните притоки, потоа кај реките Пчиња, Сатеска, Голема и други, претежно во западниот дел од државата. 

Поради појавата на високи водостои и излевања предупредуваме на внимателно движење покрај реките и суводолиците низ Македонија, а особено во делови од Западна Македонија. Поради заситената почва со влага има појави на заезерувања. Одмрзнувањата на теренот и неговата заситеност со влага може да предизвика појави на одрони и свлечишта.

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »