речник контакт

Убиство во Велес, еден тешко и тројца повредени

Соседот со чекан ги нападнал комшиите, еден усмртил, три лциа се во велешка Болнциа надвор од животна опасност, едно е во Скопје во животно загрозувачка состојба

Петар Печков

Ноќеска во  Велес е случи грозоморен настан, кој ги вознемири велешани.   Сосед со чекан ги нападнал соседите на спиење, при што  еден Димко Најдов, имал повреди од кои подцна починал, една жена е тешко повредена и пренесена во Скопје а три други лица се со  повреди на главата.    Убиството се случило ноќта на 16-та август,  околу 02.00 часот на ул.„Коле Цветков“ бр.131 во Велес,стотина метри после  Црна Џамија.

Лицето С.В.(46) од Велес, кој живее во куќата со бр.129, насилно влегло во куќата на соседите и со чекан во рака ги нападнал Т.Н.(30), потоа татко и Д.Н.(65) и мајка и Л.Н.(54) нанесувајќи им тешки телесни повреди со чеканот. Откако слушнале повици за помош во куќата дошле и брат му Т.Н.(63) и снаата В.Н.(53), кои живеат на долниот кат од истата куќа, и нив насилникот веднаш ги нападнал и им нанел повреди. Потоа дошол таткото на насилникот го извлекол од местото на настанот и го одвел во нивната куќа. Насилникот С.В. е лишен од слобода и задржан во СВР Велес до изведување пред суд – информира Верољуб Додевски  портпарол на СВР Велес.

Со соопштение за настанот се јави и Јавното обвинителство Велес.

Утрово околу 02:00 часот е извршено кривично дело убиство. Настанот се случил кога 46-годишниот С.В. со тврд предмет, најверојатно чекан, ја скршил влезната врата на неговите соседи, влегол во собата каде спиела ќерката и ја удрил со чекан по глава при што ја повредил. Во тој момент во собата влегле родителите на девојката, па осомничениот и нив ги удрил со чеканот по главата, нанесувајќи им тешки телесни повреди, од кои подоцна таткото починал. По викотниците за помош, во собата дошле и братот на починатиот со сопругата, кои живееле на другиот кат од куќата, па осомничениот со чеканот и ним им нанел тешки телесни повреди. По извршување на делото, осомничениот се вратил дома и на социјалните мрежи објавил статус во кој известува дека ги убил „своите монструми“. Веднаш е приведен и од страна на надлежен обвинител до Основен суд – Велес ќе биде доставен предлог за определување на мерка притвор против него. Истовремено, јавниот обвинител издаде наредба да се изврши обдукција на телото на починатиот, како и наредба за подигање на сите траги и материјални докази од местото на настанот – соопштија  од ОЈО Велес.

 Во Општа Болница Велес утрово биле примени пет пациенти околу 3ч.

На хируршкото одделение донесени се пет  пациенти, а настрадани во нивниот дом,  по напад врз нив со цврст предмет. Едното лице маж, по 30 минути подлегна, поради тежината на повредите кои беа скршеници на черепот и крвавење во мозокот. Бевме немоќни да го спасиме   и дадеме леарска помош . Неговата сопруга е тешко повредена со повеќекратни скршеници  на глава, черепот крвавење на мозокот  и препратена на Неуро хирургија во Скопје. Третата пациентка е  со тешки телесни  повреди, со крвавење со многу рани 5-6 на главата и со скршеница на левата  шака. Девојката има повреди на глава повеќекратни, со повеќе отворени рани на глава и маж  со мноштво повреди  на глава и врат без скршеници. Трите пациенти згрижени  кај нас  се во стабилна здравствена  состојба надвор од животна опасност – изјави д-р Влатко Вишинов  началник на хируршкото одделение на ЈЗУ Општа Болница  Велес.  

АНКЕТА »

Колку сте задоволни од настапот на македонските репрезентативци на ЕП во одбојка?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »