речник контакт

Украден кабел, железничкиот сообраќај се одвиваше отежнато

Крадците однеле 60 метри бакарен кабел вкопан во земја, полицијата ги бара

Петар Печков

 Четвртокот попладне непознати крадци украле  сигурносен кабел на МЖ кај железничката станица Градско. Според СВР Велес  кражбата се случила  вчера  околу 17,15 часот, од страна на непознати сторители. Од ЈП МЖ инфраструктура информираа дека   на железничката станица Градско од свртница била извршена  кражба на 60 метри  бакарен кабел, кој служи за изолација и бил во функција.

Поради ова  железничкиот сообраќај  на релацијата Велес – Гевгелија  се одвивал отежнато, но не бил во прекин. Велешани ов можеа да го консттираат со спуишгтање на сигурноснтеи рампи, чекање од неколку минути, а воз не минвуаше.  На екипите на ЈП Македонски железници  им требало три часа да извршат замена на кабелот а сообраќајот бил нормализиран утрово.    Полицијата  презема мерки за пронаоѓање на сторителите.

АНКЕТА »

Дали учениците од 1-ви септември треба да тргнат на настава во училиште?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »