речник контакт

Украле бакарна купола од црква, тешка 150 кг

Двајца велешани се осомничени дека ја украле бакарната купола тешка 150 кг. од црквата Св. Недела за што добија кривични пријави за тешка кражба

Петар Печков

 Настанот според полицијата  се случил на 18-ти декември кога З.Т. ( 31 год) и М.З. ( 19 год) со такси возило стигнале до црквата, го прескокнале камениот ѕид восок два метри и се качиле на кровот од црквата. 

Двајцата осомничени  со употреба на сила го турнале железниот крст со бакарната купола на земјата, по што ја одзеле бакарната купола тешка околу 150кг.  При ова  причиниле материјална штета од околу 70 000 денари, по што СВР Велес им поднесе кривични пријави за тешка кражба.. И двете лица имаат криминално досие.

Претходно на З.Т. му е изречена казна затвор, а на М.З. во неколку наврати му е изречена мерка засилен надзор од родител или посвоител како и засилен надзор од социјален орган.

АНКЕТА »

Какви специјалистички здравствени услуги користите?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »