речник контакт

Улиците Сташо Пинџур и Гоце Делчев нема да бидат повеќе тесно грло

Улиците ќе бидат асфалтирани, но и нема повеќе паркирање на тротоар

Петар Печков

Улиците Гоце Делчев и Страшо Пинџур, оваа среда беа затворени за собораќај. Тие се реконструираа a од утре и асфалтираат.  Поради затворањето на двете улици, сообраќајот беше пренасочен по улицата „8-ми септември” од Сармаале до кружниот тек,  се возееше во двете насоки. 

Со овој зафат во наредниот период значително ќе се подобри инфраструктурата и квалитетот на сообраќајот во централното градско подрачје. Овој режим на сообраќај ќе биде само денес, среда. Од утре следува асфалтирање и  нормализација. Потоа ќе се постават метални ,,п,, елементи по ивичнииците на тротаорите и нема да има паркирање. Како што е  на улица  8-ми септевмри, така ќе биде и на овие две улици - изјави градоначалникот Славчо Чадиев.

За овој градежен зафат општината одвои 3,8 милиони денари.

АНКЕТА »

Дали користите велосипед во Велес?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »