речник контакт

Условна затворска казна за заповедникот од затворот за малолетници во Велес

Живко Андоновски по признание на вина доби условна казна затвор, една за три години оти го прикри силувањето на малолетен штитеник

Петар Печков

Раководителот на обезбедувањето во велешкиот затвор за малолетници  Живко Андоновски, доби казна затвор од една година, доколку во следенети три не стори ново кривично дело.  Тој го признал делото за кое се товараше со обвинителниот акт  ,,несовесно вршење на службата,,.

Според  обвинението  Андоновски се товари дека во својство на службено лице, откако добил известување за сторено кривично дело силување на малолетник од страна на други штитеници во домот, истото не го пријавил до надлежните органи, со што несовесно постапил и сторил кривично дело.   Пред судскиот совет во Основниот суд во Велес, Андоновски изразил жалење  за неговиот чин.

Се каам и се чувствувам виновен  за тоа што му се случи на детето.  Виновен сум и што не пријавив во  полиција и обвинителството. Досега сум ги заштитувал овие деца и не сум имал грешка во работата -  изјавил Андоновски во негова одбрана.

Случајот на прикривање на силување на малолетникот, излезе во јавноста во септември минатата година. Народниот правобранител тогаш  информираше дека помлад малолетник, 16 годишен  штитеник на затворот крај Велес бил  силуван  на 19 мај од четворица други штитеници, врз детето  тие се  изживувале и го малтретирале и тепале.  

Повреденото 16 годишно момче не било однесено на лекар и не се констатирани тепањето, силувањето и изживувањето врз него од страна на други малолетни штитеници а Андоновски пред колегите од затворот тврдел дека детето лаже.  

Кога претставници  на народниот правобранители  го посетиле момчето во затворот, тоа било во лоша психичка состојба, дури  во иста соба заедно со сторителите. Андоновски  за прикривање на ова дело бил парично казнет, шест месеци по 15  отсто  од  платата. 

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »