речник контакт

Условна оти фотографиите од пријателка ги земал од Фејсбук и ги ставил на клип на Јутјуб

Користењето фотографии од Фејсбук без согласност на сопственикот е незаконско, затоа внимавјете

Петар Печков

Велешанецот Венчеслав Димовски  е прогласен за виновен и  доби условна затворска казна затоа што  искористил фотографија на  пријателка за да закачи видео клип на Ју тјуб.  

Димовски со ова сторил кривичното дело ,,Злоупотреба на лични податоци,,. Според обвинението Димовски   во текот на месец јуни минатата  година, спротивно на условите утврдени со закон,  без согласност на оштетената Д. Д.  негова пријателка обработил и користел нејзини лични податоци.

Тоа го сторил така  што преку социјалната мрежа Facebook земал  фотографии на оштетената  ги искористил во видео клип,  користејќи аудиозапис од мобилен телефон со употреба на програмата Windows movie maker направил видео-клип.

Тој  бил објавен на ден 26.06.2013 на Интернет сервисот Youtube под наслов My Movie snaska mi !!! Во Основниот суд во Велес му е изречена алтернативна мерка условна каза доколку во следенете година дена стори било какво кривично дело, ќе оди затвор од три месеци.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »