речник контакт

ФК Борец загуби во Струмица

Освојувачот на Купот, ФК Академија Пандев, победи со 2:0

Петар Печков

Состави Борец:  Мустафа , Абаз, Блажевски (ж) (ц), Ефтимов, Ѓорѓиев, Христов, Коцев в(ж), Николовски, Прелчец, Стојковски (ж), Трајановски играа и Лазаревиќ, Петров, Трајков, 

Академија Пандев. Чубраковиќ,  Михаил Маневски (ж), Велиновски, Дориев, Танушев,  Димов, Стојкоски, Маслаќ, Пандев, Илиев, Стоилов. Играа и  Томовски (ж), Рајковиќ и  Атанаскоски. 

судија Грдановски -Струга, стадион Младост Струмица

стрелци Дориев 45+2`, Танушев 50

Во натпревар од третото коло, новиот фудбалски прволигаш Борец 1919 загуби на гостувањето во Струмица, ФК Академија Пандев со 2:0 (1:0). Актуелниот освојувач на фудбалскиот Куп м прокнижи три бода а домашниот фудбалер Дориев беше нерешлив за одбраната на велешани. 

ФК Борец во вторите 45 минути имаше три шанси за гол, но не успеа, првата голманот ја одбрани, втората Лазаревиќ топката ја испрати во трибини а Ѓорѓиев во третата шанса ја погоди пречката.

Така по три кола фудбалерите на ФК Борец немаа постигнато гол и се последни со еден бод. Згора на тоа имаат и по едно исклучување, црвен картон во два натпревари.

Во следното коло, сабота на стадионот Зоран Паунов доаѓа шампионот ФК Шкендија од Тетово, која има исто така само еден бод. Ќе биде дерби на дното.   

АНКЕТА »

Како го минувате времето дома во полицискиот час?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »