речник контакт

Фатен разбојникот кој на старицата во Речани дома и одзема 9 илјади денари

П.Г. ( 42 год) кој на жената и вперил пиштол, ја врзал со телефонска жица е фатен, препознаен и доби еден месец притвор

Петар Печков

Велешката полиција го фати разбојникот кој во четвртокот вечерта нападна старица, ја малтретирал и и одезел пари.    Настанот  се случи во населба  Речани, околу 23 ч. на улица Димитрија Андонов Папрдишки  а МВР само кратко информираше дека станува збор за лицето П.Г. (42 год).  Затоа пак од велешкото обвинителство со повеќе детали за разбојништвото.  

Лицето е осомничено дека со фантомка на главата на 02.02.2018 година влегло во куќа кај жена на возраст од 80 години и и вперило пиштол, барајќи пари. Жената му рекла да си оди и дека нема пари.

Во тој момент, осомничениот го исекол кабелот од фиксниот телефон и ја врзал жената. Од ташна во плакарот одзел 9000 денари и си заминал. Жената успеала да се ослободи и да се јави во полиција. Лицето е лишено од слобода, по што е извршено и препознавање од страна на оштетената.

По предлог на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес, судија на претходна постапка на осомничениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена поради опасност од бегство и можност да го повтори делото - пишува  во писменото соопштение  на  ОЈО Велес.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец 1919 ќе го мине баражот и ќе влезе во Прва лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »