речник контакт

Фудбалерите победија во дербито, сите одбојкарски екипи поразени

Петар Печков

Фудбалерите на Борец со победа од 3:1 над екипата на Вардар од Неготино ја продолжија серијата без пораз. Тие и натаму се на врвот од Третата лига југ  со висока предност и сигурно чекорат кон разигрувањето за влез во Втората лига.

Трите одбојкарски екипи доживеаја порази  во ова натпреварување. Машката екипа на Борец Брако загуби од   Сушево  со 3:0 (25:19, 25:20, 25:21). На коло пред крајот тие  се шести со 16 победи, од девет екипи во оваа конкуренција.
 Во женска конкуренција  во дербито Форца Волеј - Форшпед 3:2 (25:19, 22:25, 19:25, 25:17, 15:7). Велешанки дадоа жилав отпор на првопласираната екипа, водеа и со 2:1, но не  стигнаа до победата. Со овој натпревар заврши регуларниот дел и тие се трети а во разигрувањето за шампионската титула ќе играат во полуфиналето со Македонија Макс од Струмица, со тоа што противникот како подобро пласиран  евентуалната мајсторка ќе ја игра на домашен терен.

 Женсакта екипа на Борец Брако загуби  во Велес  од  Работнички 0:3 (13:25, 13:25, 10:25). Тие се најдоа на седмото место од табелата,  од осум колку што броеше лигата  со што го заврши натпреварувањето.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »