речник контакт

Чадиев најави бесплатни парцели за млади брачни парови

Населбата е во месноста Каменот и ќе брои 300 плаца

Петар Печков

Во наредниот мандат ќе обезбедиме 300 бесплатни градежни парцели кои ќе бидат наменети и понудени на младите брачни парови. Проект кој ќе обезбеди нови и поефтини домови за младите брачни двојки.

На тој начин младите ќе имаат можност да го решат едно од главните животни прашања ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ДОМ за нив и за нивното семејство. Плацовите ќе бидат со површина од 300 метри квадратни.  Обезбедени се во месноста „Каменот“ во населбата зад Костурницата.

Со овој проект, кој ќе биде разработен во соодветна програма со динамика на реализација и услови, директно општината ќе им овозможи на младите луѓе од Велес, кои го започнуваат својот заеднички живот, да си изградат сопствен дом во кој ќе се развиваат и растат идните наши млади генерации.

Веќе реализираните проекти на државно ниво КУПИ КУЌА – КУПИ СТАН и КУПИ КУЌА ЗА МЛАДИ се доказ дека ВМРО-ДПМНЕ води грижа за граѓаните и нивните потреби. Сакаме ваквите добри политики за младите да продолжат и на локално ниво, тука во Велес.

За сето ова потребна ни е вашата поддршка.
Ве повикувам на 15 октомври да го изберете редниот број 13. За проектот „Бесплатни плацови за млади брачни двојки“ и за уште 148 други проекти од новата Програма.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »