речник контакт

Членовите на општинските избирачки места се опарија, се распределија 3,5 милиони денари

Околу 850 велешани ги добија средствата за двата изборни круга за локалните избори

Петар Печков

 Членовите на општинските избирачки места во Велес неделава ги добија средствата за нивната работа во изборниот процес за Локалните избори 2013. Откако општина Велес ги пушти средствата, истите веднаш беа исплатени на гласачките одбори. 

Во изборниот процес во Велес преку избирачките одбори имаше 730 лица, но во вториот круг имаше повеќе промени на членовите од партиите, така  што  има  поголем број  на членови   вклучени во изборниот процес, околу 850. 

Средствата што ги добија се движат од 6 илјади до 50 илјади. Во зависност од тоа дали е член на избирачко место каде имаше два круга  на гласање, немаше болни( што во Велес е вистинска реткост) до 50 илјади за членовите на ОИК, кои ги организираа изборите и беа вклучени повеќе од два месеци во работата.

Општина Велес овие избори ќе ја чинат околу 3,8 милиони денари.  Во првиот круг беа исплатени  270 илјади денари,  наменети за материјални трошоци додека  околу 850  лица кои беа вклучени во изборниот процес добија 3,5 милиони денари. Од овие избори, со промената на законската регулатива, општините се должни да обезбедат пари а Локалните избори, така што з оваа намена во годинашниот Буџет, лани беа обезбедени средства во висина од  3,8 милиони денари.

Некои од избирачките одбори ќе ги запомнат овие избори, тие каде што во селото Клуковец имаше само еден гласач. Или во селото Раковец каде во првиот круг заминаа  по лош земјен пат и возење од два часа, в сабота да гласа еден болен и кога стигнаа да констатираат дека нема лична карта.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »