речник контакт

Чоков со донација за децата со посебни потреби

Димитар кој годинава го фати крстот на Водици, заедно со другарите купи средства за вежбање

Петар Печков

Димитар Чоков, кој годинава беше најумешен меќу 76-те велешани кои скокнаа по крстот на Богојавлени - Водици, одлучи дел од средства кои ги собра, да ги донира. Купи  средства за вежбање за децата од Здружение на лица со церебрална парализа.

Јас со другарите купивме за овие деца душек и статичен точак. Сумата не е голема 15 илјади денари, но сакавме да помогнеме. Ова е од срце, да ја разбудиме свеста на граќаните - рече Димитар Чоков. 

Тој има можност 40 дена после Водица да мине по домовите на велешани, кои го даруваат. Објаснува дека некои даваат пари, други, кои биле помалку не  сакаат. Имало и верници од друга вероисповед, и кај нив некои дарувале, други не. 

Претседателката на Здружението, Далиборка Златева изрази благодараност за овој чин на Димитар и неговите другари.  

Со помош на оваа донација, децата ќе можат да изведуваат вежби, заедно со нивните мајки. Благодарност до Чоков - рече Златева. Тие додале уште три илјади денари за да може да ја набават донацијата

Во 2015-та   Драган Илков кој тогаш го фати крстот на Водици, му донираше на  штипјанецот Иван Стојанов 50 илјади денари, за лекување а 7 илјади денари за црвката во село Чолошево. 

АНКЕТА »

Дали ФК Борец 1919 ќе го мине баражот и ќе влезе во Прва лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »