речник контакт

Шахтите асфалтирани, канализацијата по подрумите

Кога се асфалтирала улицата покриени се и шахтите. Сега за да се интервенира потребно е да се копа

Петар Печков

Неодговорното однесување на надлежните резултираше со  поплава на дел од домовите во населба Тунел во дел од улицата Благој Ѓорев.  Во неделата вечерта поради затнување на канализационата мрежа, кај дел од станарите се појавила во  подрумите одводната вода. ЈКП Дервен веднаш излегол на терен и расчистувал до еден часот по полноќ.

Кога се асфалтираше оваа улица, им укажувавме дека се поклопуваат шахтите. Испраќавме и реакција до локалната власт, но никој ништо не презеде. И по некое време еве сега кога канализацијата тече по нашите подруми, мора да се копа ди 40 сантиметри за да се стигне до шахтата. Ова е навистина неодговорно однесување. Како минал и техничкиот прием на ова улциа  –велат станарите од соседството.  

 Но ова не е единствен пример  низ градот шахтите да се асфалтираат. Познавачите велат дека ги има и на главните улици Благој Ѓорев и Алексо Демниевски. Тоа пак создава проблеми на ЈКП Дервен при интервенциите за санирање на канализационата мрежа.

АНКЕТА »

Дали граѓаните ги почитуваат препораките за заштита од корона вирусот, да останат дома, да има растојание кога се чека во редица пред банка, маркет?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »