речник контакт

Што симболизира насловот на стохозбирката „Километри широк, метар длабок“, на Светлана Босилкова Далевска (фото)

Издавач е издавачка куќа „Збор“ од Велес

Петар Печков

Стохозбирката „Километри широк, метар длабок“ од Светлана Босилкова Далевска беше промовирана попладнево во медиотеката на Градската библиотека „Гоце Делечв“.

Ова е четврто дело од авторката, кој претходно издаде еден роман и две стихозбирки. Таа за себе вели дека е дводомна поетса, живее во Германија и во Македонија, твори исклучиво на мајчин македонски предмет.

„Ако се прашаме што значи симоблизиран насловот, што е тоа што е километар широко а длабоко метар, одговорот е едноставен. Тоа е животот. Има широчина, должината не можеме да кажеме колку ќе биде, но извесно е дека  крајот на животот ќе заврши во метар длабок.  Во стихозбирката има песни за човекот, има родољубна поезија, и  љубовна поезија. При пишувањето користам метафори и читателите ми влеат, дека од трето читање ги сфаќаат поентите. Се случува читателите преку коментари да ми кажат што почувстувале кога ги прочитале песните“ – вели Босилкова Далевска.

Издавач е издавачка куќа  „Збор“ од Велес.  Книгата има 55 песни.

„Овие моќни стихови со високи уметнички вредности и поетска зрелост допираат длабоко во срцето, носејќи го печатот на поетовата оригиналност и автентичност. Поетесата преку своите чувства ја преобликува реалноста според личните расположенија и впечатоци. Уште при првиот прочит, се забележува дека рефлексивноста е предмет на најдлабоко субјективно доживување кое го придвижува внатрешниот свет на авторката и раѓа силни стихови со скриени пораки кои треба да се расчитуваат и дешифираат. Станува збор за поезија која сама по себе е соочување со битисувањето во енигматска и завиткана форма, за мудроста и староста, за животот. Стиховите во оваа стихозбирка се борба против расчовечувањето на човекот, крик против неправдите на животот, потрага по добрината која малку останала. Светлана е гласноговорник која преку поетското ехо ја истура вистината за животот и за се она што го прави живот, топлат и разнежнуваат. Нејзините стихови се проникнати со богати книжевни, традициски, естетски и животни искуства“ – кажа промоторката Десанка Николова.

Промоцијата се реализираше во соработка со градската  библиотека „Гоце Делчев“ и клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес.

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »