речник контакт

Автомобил излета од пат, две лица минаа неповредени

Среќна околност автомобилот завршил во заштитната ограда,оти можел да слета во бензинската на Лук оил

Петар Печков

Велешанец  со автомобил слета од 20-тина метри,  но  тој и сопатникот минаа без повреди. Пладнево околу 12,30ч.   автомобил ,,Даеву матиз,, со велешки регистарски таблички излета од патот  и падна кај бензинската на ,,Лук оил,, на влезот во Велес од правец на Штип. Сведоците велат среќна околност е што сопрел на заштитната ограда оти малку требало да удри во објектот.

Автомобил кој сообраќал на улица Ганчо Хаџи Панзов кај Спомен Костурница,  излетал од патот.  Сопрел  на заштитната ограда  кај бензинската пумпа. Двете лица кои биле во автомобилот, возачот и совозачот биле префрлени во велешката Болница , но бидејќи не биле повредени пуштени се дома – изјавија од СВР Велес.  

Нивната истрага ќе треба да каже зошто се случил инцидентот, која била причината.  Жителите кои живеат во овој дел на Велес, објаснуваат дека тука на  оваа улицата се вози брзо.

Одредени возачи возат мошне брзо. Стана како  возачка писта. Но среќна околност е што минале неповредени. Кола можат да купат или поправат, ама човешки живот не – вели сосетка.

Пред две години во близина, излета автомобил при што три момчиња минаа со полесни повреди. Автомобилот заврши на кружниот тек, на влезот од Велес. 

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »