речник контакт

Акцијата ,,Подари книга, подари светлина,, собира детска литература за градинките

Годинава се одвива по петти пат а ја организира Градската библиотека од Велес

Петар Печков

Започна  акцијата ,,Подари книга, подари светлина,, која ја организира Градската библиотека ,,Гоце Делчев,, од Велес.  Со неа граѓаните донираат книги а истите подоцна ќе им бидат подарени на институции кои имаат потреба од соодветна литература.   Акцијата започна од понеделникот, ќе трае цел месец ноември а собраните книги се наменети за Детските градинки од Велес.  

Детските книги кои сопствениците сметаат дека им се непотребни а се добро сочувани, употребливи можат да ги донесат кај нас.  Тие ќе бидат донирани во шесте клона на градинките ,,Димче Мирчев,,.  Сите кои имаат дома сликовници, приказни, бајки,  сказни, басни, кои се погодни за деца од предучилишна возраст, нека го донесат во библиотеката. Имаме информации дека во градинките има потреба   од ваква литература, децата ги сакаат – изјави Игор Крајчев, директор на библиотеката.

Тој очекува дека кај граѓаните ќе има интерес да се собере задоволителен број на книги. Ова е петта акција која Библиотеката ја спроведува, некогаш со поголем друг пат со помал интерес.  Во претходните четири книгите беа донирани во училиштето во Иванковци, во манастирот Св.  Јован Бигорски кај Дебар, во СОС Детското село во Скопје, Интернатот и Против пожарната единица во Велес. 

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »