речник контакт

Албанците славеа во Велес, во одбојка на песок

Два дена Велес беше домаќин на меѓународниот турнир на одбојка на песок на кои учествуаа одбојкари од Србија, Албанија, Косово и Македонија

Петар Печков

Во машка конкуренција, од 12 пријавени двојки победија Бари Таши и Бљерим Мемија од Албанија кои со 2:1 ги совладаа србите Виктор Петров и Стефан Николиќ. Беше тоа одличен натпревар, врањанците водеа со 1.0 и 12:11 во решавашкиот трет сет за да го загубат со 15.13, што беше знак на големо славје на симпатизирите на албанската двојка.Трети на турнирот се велешаните Саше Ивковиќ и Дејан Димовски. 

Кај жените, меѓу девете двојки на постолјето се најдоа албанките, кои ги освоија присутните со нивната женственост и убавина. Победнички се Виљдане Јашари и Незмие Ибраими од  Косово, кои со 2:0 ги победија Адељалда пренгаз и Евдуза Блог од Албанија. Третото место им припадна на Леонора Љатифи и Маргона Макнути од Албанија. Организатор на турнирот беше ОК Борец.

АНКЕТА »

Дали учениците од 1-ви септември треба да тргнат на настава во училиште?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »