речник контакт

Велес доби 14 ново- стари имиња на плоштади и улици

Кој како е именуван во вториот дел од преименувањето на седум улици и седум плоштади во Велес, од страна на Советот. Одлуките донесени едногласно

Петар Печков

 Населбата Речани доби седум нови имиња на улиците, кои досега беа само бројка. Toa ce> Академик Пенчо Давчев, Васил Иљоски, д-р Панче Васков, Хаџи Косте, Димитар Андонов Папрадишки, Стефан Гајдов, Ѓорги Шоптрајанов.

Именувани се и седум плоштади: Панко Брашнар, Македонија, Сармаале, Којник, Варналиите, Илинден Гемиџии. Сите тие беа едногласно донесени, без политички пресметки помеѓу власта и опозицијата. 

 Улицата која се протега од железничкиот премин на пругата Велес-Кочани до спојот со улица „Вардарска“ кај раскрсницата за влез и излез на Автопатот Скопје-Гевгелија, со два крака од  десната страна, кај објектите на Динамо хит и Македонија пат, се определува како улица „Академик Пенчо Давчев“ и ги опфаќа куќните броеви непарни од 1 до131 и парни од 2 до 212.    

Улицата која се наоѓа лево од улица „Академик Пенчо Давчев“, започнува од трафостаница на ЕВН после објектите на Еко-Кулев следејки ја постојната  улица кон реката Вардар, со тоа што се издвојуваат повеке краци како од левата така и од десната страна се определува како улица „Васил Иљовски“ и ги опфаќа куќните броеви непарни од 1 до 87 и парни од 2 до130.

 Улицата која започнува лево од улица „Васил Иљовски“ пред објектот на фирмата “Саше Тренд”, па ја следи новоформираната земјена улица до бавчите кај Реката Вардар, од левата страна на улицата се издвојува крак кој се протега низ бавчите до Реката Вардар и опфаќа повеќе изградени објекти и празни плацеви, се определува како улица „Д-р Панче Васков“ и ги опфаќа куќните броеви непарни од 1 до 97 и парни од 2 до 92.

Улицата која започнува под Железениот мост, опфаќајќи ги објектите во м.в. Сточен пазар и продолжува по новоформираната улица покрај реката Вардар со постоечките краци се определува како улица „Хаџи Косте“ и ги опфаќа куќните броеви непарни од 1 до 45 и парни од 2 до 50.

Улицата  која води лево од улицата  „Академик Пенчо Давчев“,  после објектите на Севдинови и ги опфаќа плацевите кон Вардар па продолжува преку поројницата каде што ги опфака постоечките објекти и плацеви позади канцелариите на поранешен А.К.Лозар и завршува кај свињарските фарми, се определува како улица „Димитар Андонов Папрадишки“ и ги опфаќа куќните броеви непарни од 1 до 145 и парни од 2 до 36.

 Улицата која започнува пред  железничкиот премин на пругата Велес –Кочани, па продолжува покрај железничката линија и кај подвозникот десно  продолжува по долот во м.в „Весела долина“, се определува како улица               „Стефан Гајдов“ и ги опфаќа куќните броеви непарни од 1 до 35 и парни од 2 до 52.   

Улицата која припаѓа во К.О. Башино село и ги опфаќа објектите и плацовите од м.в. Локва и м.в. Среден пат, а се наоѓа лево  од улица „Академик Пенчо Давчев“, започнувајќи кај објектите на фирмата “Брaмс” , ја следи постојната улица, прави кружен лак и се спојува со улицата „Академик Пенчо Давчев“, кај мотел „Монтенегро“, се определува како улица „Ѓорѓи Шоптрајанов“ и ги опфаќа куќните броеви непарни од 1 до 31 и парни од 2 до 70.

Просторот - платото кај постоечкиот споменик на Панко Брашнар кој се наоѓа во близина на касарната Алексо Деминиевски Бауман, на пресекот на улиците „Благој Горев“ и „Андон Шурков“, се определува како инфраструктурен објект- плоштад и се именува „Панко Брашнар“.

Просторот - платото кој се наоѓа кај фонтаната во населба, каде што улицата „Благој Ѓорев“ се сече со улиците „ Тодор Христов Офицерчето“ и „Георѓи Војтех“, се определува како инфраструктурен објект - плоштад и се именува „Македонија“.

Просторот – платото на уредениот дел за одмор, јаворот и делот за продажба на земјоделски производи, кој претставува централен дел каде се спојуваат улици: „Максим Горки“, „Кирил Пејчиновиќ“, „Кузман Јосифовски –Питу“, „Јовче Џипунов“, „Мирче Ацев“ и „Васил Ѓоргов“, се определува како инфраструктурен објект- плоштад и се именува „Којник“.

Просторот –платото кај се наоѓа кај двата јавора, фонтаната и зградата на УЈП во централниот дел на градот, каде улицата „8-ми Септември се сече со улиците: „Архиепископ Михаил“ и „Страшо Пинџур“, се определува како инфраструктурен објект- плоштад и се именува „Сармаале“.

Просторот во централниот дел на градот, помеѓу улиците: „Илинденска“, „Никола Оровчанец“, дел од ул.„Гоце Делчев“, платото пред Основниот суд, „8-ми Септември“, кружната раскрсница, опфаќајќи ги спомениците на Коста Солев Рацин и Коњаникот, како и дел пред станбениот комплекс “Чешелот”, се определува како инфраструктурен објект- плоштад и се именува „Илинден“.

Просторот -платото кај постоечкиот летниковецот, кој се наоѓа помеѓу улиците: „Димитар Влахов , „Орце Шутев“, „Јован Алабаков“ и „Благој Јосмов“ се определува како инфраструктурен објект- плоштад и се именува „Варналиите“.

Просторот -платото кај постоечкиот споменик на Гемиџиите кај Мало мовче, кој се наоѓа на улицата: „Петре Прличко“ се определува како инфраструктурен објект- плоштад и се именува „Гемиџии“.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »