речник контакт

Во локалитетот Стоби се работи на античкиот театар ,,Стоби,,

Сите проекти кои се работат во локалитетот се за подобра заштита и подобра презентација на ,,Стоби,, во јавноста

Петар Печков

 Во античкиот локалитет ,,Стоби,, и летово се работи на повеќе проекти, со кои тој треба да биде попривлечен за посетителите а неговите содржини подостапни до јавноста. Во овој период продолжува  истражување и враќање во функција на римскиот театар, еден од најимпресивните објекти што некогаш биле изградени во овој град.  Просторот каде пред две илјади години се воделе гладијаторски борби но и мимички претстави и хорски изведби, треба да биде целосно реконструиран.  

Се врши конзервација на вториот дел од театарот, со сочуван коридорот внатре и преку него ќе се влегува во просторот. Ќе  има три илјади седишта  кои ќе се постават  следната година. Сите проекти кои ги работиме во локалитетот се во насока  на подобра заштита и подобра презентација на  ,,Стоби,,. Таа инвестиција ќе се врати повеќекратно со малку трпение. Потребен е временски период од неколку години, нашата работа не е така брза  -  изјави Силвана Блажевска директорка на НУ ,,Стоби,, .  

Моментално се работи на конзервација на централниот мозаик од нартексот од Епископската базилика, кој ќе биде вратен во неа наесен, како и  изработка на нејзина кровна конструкција  и патеки  за движење за посетителите, полесно да можат да ги видат  преубави мозаици и фрески.

Завршена е проектната документација за целосна санација на старата железничка станица пред локалитетот Стоби, која ќе прерасне во центар за посетители. Изминатиот период се работело на изработка на сите неопходни документи и останува да се избере изведувачот по што би започнале градежните работи. Доколку тоа се случи во овој прв повик, Центарот би бил готов до крајот на годинава.  

На овој начин  ќе се добие музеј со лапидариум, во него ќе  бидат сместени  и изложени  сите артефакти кои се откриени и со кој располага локалитетот а сега се чувани во депо  и недостапни до посетителите – изјави министерката Елизабета  Канчевска Милеска, која беше во посета на локалитетот.  За овој проект планирани се средства во висина од 20 милиони денари.   Минатата година ,,Стоби,, го посетиле  15,5 илјади гости.

АНКЕТА »

Како го минувате времето дома во полицискиот час?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »