речник контакт

Втор ден протести на велешките тутунари

Шест часови беше блокиран приодот на автопатот во правец кон Скопје

Петар Печков

 Тутунарите од велешко на вториот ден од протестите  шест часа, ги блокираа приодите од Штип и Велес кон автопатот во правец на Скопје. Не се задоволни од откупната цена но и од третманот на државните институции. Додека во понеделникот тие протестираа на магистралниот пат Велес – Штип во селото дошле од државниот инспекторат за земјоделие и за неколку часа биле отворени вратите од откупниот центар. Тогаш неколкумина земјоделци го предале родот од тутунот за поволни цени а по заминувањето на инспекциите, се вратила старата слика со ниски откупни цени или затворени врати.         

Бараме  да дојде Али Ахмети и тој партиципира во Владата. Зошто го нема никаде да ги брани нашите интереси, зошто молчи. Ако мисли дека ние го заборавивме, греши. Има и албански  министер за економија Бесими и тој може да влијае на откупната цена. Нека не се кријат бидејќи народот ќе ги казни – велат жителите на велешките села Бузалково, Сливник и Клуковец населени со албанско население. Тие се чудат зошто тутунопроизводителите од Велес молчат, кога во градот ниту еден откупен центар не работел а тутунот за тоа време не се откупува.

АНКЕТА »

Колку сте задоволни од настапот на македонските репрезентативци на ЕП во одбојка?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »