Петар Печков
Објавено: среда, 20 април 2016
Изминатиот викенд стотина учесници беа дел од маршот низ Азот и посета на Богомила, Нежилово, Капиново и Папрадиште. Овој традиционален марш низ срцевината на АЗОТ беше во должина од 15 км. или 6 часа одење со две подолги паузи. На маршот учествувале гости од Велес, Скопје и Штип. Тие преноќиле во Планинарскиот дом Папардиште.
Почетна станица беше Богомила (500мнв), највисока точка Капиновски преслап (1100),Нежилово(700) со крајна цел Папрадиште(1000). Најмладите двајца учесници беа осумгодишните Иван и Никола.Ова беше средно лесна тура идеална за фотографирање и за мотивација - велат организаторите од Планинарскиот дом Папрадиште.
Во недела на 17 април е помала група планинари во 4.30 часот заминале и се искачиле на Солунска глава преку Чеплес, а 25 луѓе пешачеле до Куртовица(1700) а некои од нив го искачиле како што објаснвуаат ,,невозможно убавиот врв Даутица,,(2178).
Tweet |