речник контакт

Една година затвор за сообраќајка со еден починат

Сообраќајката се случи кај Сарамзалино, автомобилот на делницата Велес- Штип, возел пребрзо, излетал па починала сопатничката

Петар Печков

Кочанчанецот  Д.К. (40год) доби една година затвор за сообраќајка, во која почина сопатничката.  Во Основниот суд во Свети Николе тој го признал делото ,,тешки дела против безбедноста на луѓето во сообраќајот,, по што бил прогласен за виновен и му е изречена казна затвор од една година.  

Сообраќајката  се случила  на 9-ти јули 2015-та година, на магистралниот пат  А3, на 18 км од Штип  во правец кон Велес, во  21,45 ч во близина на селото Сарамзалино – Овче Поле. Обвинетиот Д.К. управувал автомобил  ,,хјундаи,, со штипски регистарски таблички  при што во критичниот момент, кога завршува  асфалтната подлога и продолжува кршен асфалт- туцаник, според пресудата, не ја приспособил брзината на движењето на возилото спрема својствата и состојбите на патот.

Тој  го управувал возилото со брзина од 100 км на час иако со поставениот сообраќаен знак брзината на движење била ограничена на 30 км на час,  и не  се придржувал  на сообраќајните знаци „Опасност на патот“, „Ограничување на брзината на 30 км на час“.

Во тој момент паднал со возилото на левата страна на коловозот, од висина од 1,90 м   и како резултат на што сопатникот во возилото Жаклина А.  (36 год)  од Виница  починала на лице место. 

АНКЕТА »

Дали учениците од 1-ви септември треба да тргнат на настава во училиште?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »