речник контакт

Затворена врата во Економското за протестот на средношколците

Учениците гледаат намера, директорката објаснува никој не пријави протест

Петар Печков

За  вчерашниот протест на велeшките средношколци, тие се пожалија дека имале притисоци од дел од професорите.  А во Економското дури им биле и затворени вратите.  За овој настан тие писмено реагираа. 

 Во едно од стручните училишта, „Јовче Тесличков“, директорката Нада Јованова се повика на екстремности и ги заклучи училишните врати, не дозволувајќи им на стотина ученици да испаднат на марш. Средношколците беа принудени да се префрлаат од прозорци и порти високи до едно и пол метро. Дваесетина од нив успеаа да се ослободат, додека обезбедувањето брзо реагираше и ги спречи останатите во намерата - велат од раководството на Средношколскиот пленум Велес.  

Прозваната директорка реагираше на ова   соопштение, давајќи објаснување што се случувало вчера во Економска.

 Стандардна процедура е дека вратите на училиштето се затворени постојано. Единствено се отвораат во време не големиот и малиот одмор.  Некаде околу 12 часот собрана е поголема група,која претходно ниту побарала ниту најавила дека ќе оди на протест. Кога добив информација, за 10 минути врата се отклучи и учениците слободно заминаа. Само од толку  што беа во холот, малкумина беа на протест. Имам чувство дека сакаа само да не одат на настава а не да протестираат - рече директорката Нада Јованова.  

фотографиите се  испратени од средношколскиот пленум Велес

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »