речник контакт

Михаил Андреев ја издаде книгата поезија ,,Уморна река,,

Во нeа се најдоа 22 песни, кои тој ги напишал во шест децениското творење

Петар Печков

Велешкиот поет Михаил Андреев ја издаде неговата книга  со поезија ,,Уморна река,,. Таа е во издание на издавачката куќа ,,Макавеј,, од Скопје.  Во неа  се наоѓаат 22 песни, создадени во шест деценискиот творечки пат на Андреев. Тие се личен избор на авторот од стотиците песни, кои ги има напишано досега.   Песните се поместени  во два  циклуса:  Сам против ноќите  и Црна птица.  

Поетот во ова негово дело се потпира на метафора, сликата, симболот, но не ги користи самоцелно. Длабока е меланхолијата во песните на Андреев. Песните во книгата се дестилирано искуство на една сензибилна душа, која ја пропушта сликата на светот низ овие стихови и ја кристализира во овие стихови, чувства и мисли – напиша Ефтим Клетников, рецензент на книгата ,,Уморана Река,,.   

Андреев целиот работен век го мина  како културен работник, вработен и раководител во велешката библиотека. 

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »