речник контакт

Младите велешки волонтери од Црвен крст помагаа на две семејства за подобар живот

Материјална помош за Маневи –чија куќа изгоре и семејството Чолаковски кое брои 12 члена

Петар Печков

Младите волонтери при Општинскиот Црвен крст Велес, изминатиот период реализираа два проекти, со кои директно помогнаа на две велешки семејства да имаат подобри услови за  живот.  Во првиот  опремија дел од покуќнината на двочленото семејство Маневи, чија куќа беше опожарена.  Куќата се наоѓа близу Којник а цел на волонтерите било да се  обезбеди покуќнина и подобри услови за живот.

Мајката Љуба која има здравствени проблеми а нејзиниот син боледува од психичко растројство. Таа со сите  сили се обидува повторно да го направи домот едно топло место каде што со нејзиниот син ќе можат спокојно да живеат.  На други семејство на кои  не им беа потребни и корисни, тие донираа  парчиња мебел. Заеднички со семејството  успеавме да го средиме нередот кој беше предизвикан после пожарот и да го внесеме мебелот – Пенчо Андреев десеминатор на ПХВ проектот  при  ОО на Црвен крст Велес.

Но не запреле тука, организирале  собирна акција и со собраните финансиски средства платиле дел од  заостанатите неплатени сметки за струја и вода на семејството Маневи. Потоа наплатувале влезница на одбојкарски натпревар на ГОК Борец, па хуманитарната забава во Pure Cafe заедно во соработка со Dj Popeye, следувала хуманитарната претстава по повод патрониот празник на ООУ"Васил Главинов". Со собраните средства од овие активности а по барање на домаќинката  Љупка дека приоритет и е да го обнови оштетениот под, купиле ламинат кој подоцна го поставиле на подот во куќата. Со останатиот дел од собранети пари  купиле храна и хигиенски средства.

При нашата последна посета на семејството Маневи, Љупка ни се заблагодари на најубавиот начин,со голема насмевка и солзи во очите. Верувајте нема поубаво чувство од тоа да знаеш дека си успеал на некој да му го олесниш и разубавиш животот – додаваат младите волонтери.

Со вториот проект се помогнало на 12 челното семејство Чолакоски од село Мелница, општина Чашка, кое е  социјално загрозено и секојдневно се соочува со тешкотии кои ги наметнува борбата за егзистенција. Реализацијата на овој  проект траела речиси еден и пол месец.

Членовите на оваа група успешно реализираа неколку хуманитарни активности во изминатиот период - хуманитарен пинг- понг турнир, хуманитарни забави, собирни акции во основните и средните училишта во градот итн. Со собраните парични средства на ова семејство му беа обезбедени пакети со храна, хигиенски средства и облека, но и машина за перење алишта која им беше најнеопходна, бидејќи покрај немањето храна земајќи го во предвид поголемиот број членови на семејството, нивен најголем проблем било одржувањето на хигиената – објаснува Андреев. 

Програмата Црвен крст во Акција- Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ)   претставува национална алатка за привлекување и задржување на волонтерите во Црвениот крст. Истата се имплементира во сите Општински организации и на годишно ниво обучува околу 1200 младинци,  потенцијални волонтери во организацијата.

Младите добиваат обука за вредностите на Црвениот крст, учат за културата како систем од вредности, за културата на дијалог. Во текот на овие обуки  тие добиваат и практични знаења како да изработуваат мали проекти. На годишно ниво се изработуваат од 150 до 200 мали проекти преку кои им се помага на околу 3.000 лица земјава, на некои краткорочно додека пак за некои помошта е долгорочна.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »