речник контакт

Одложен почетокот на судскиот процес за убиството во Ореше

Обвинителството бара информација до каде е постапката за екстрадициајта на Ѓоре Петровски, кој е обвинет дека е нарачател на убиството на старецот од село Oреше

Петар Печков

 Судењето на Љупчо и Ордан Георгиевски обвинети за  нарачано убиство се одложи за крајот на септември, откако обвинителството побара информација од Министерството за правда, до каде е постапката за екстрадиција од САД на прво обвинетиот Ѓоре Петровски кој се товари дека е нарачател на делото.  Ова е трето судење за истиот предмет, откако претходните две пресуди од по 12 години затвор за браќата Георгиевски, скопска  Апелација ги укина и врати на ново судење.

Бараме од Министерството за правда да ни даде информација до каде е постапката за екстрадирање на Петровски. Ова ни е потребно заради тоа, дали процесот да се води за сите тројца заедно или како што беше случај во двете претходни судење одвоено – изјави обвинителот Ивица Ефремов.

Судијата Илија Таев го прифати барањето и новото рочиште го закажа за 23 септември. Тој напомена дека во повеќе наврати  тие реагирале до Министерството за правда кое било должно и имало обврска да даде информација, досега ја немало. ТРМР претходно пишуваше дека барањето за екстрадиција на Ѓоре Петровски  е отфрлено, но тој и натаму се наоѓа во притвор 30 месеци, овој пат имиграционен, откако американските власти при неговото апсење констатирале дека тој е во САД без регулиран престој. 

Постои можност обвинетиот да биде испорачан во Македонија, но иако за тоа имаше неколку  најави, досега не се случи.  На ова судско рочиште, во Основниот суд во Велес  од слобода се бранеа браќата Георгиевски Ордан (39) и Љупчо ( 36 год) кои пролетва беа пуштени во притвор, откако таму минаа 27 месеци.

Тие се обвинети дека го убиле старецот Лазо Милошевски ( 71 год) од селото Ореше на 5-ти декември 2005- тата додека тој ја подготвувал вечерата.  За ова дело обвинетите  добиле 20 илјади долари од Ѓоре Петровски, која како одмазда го нарачал убиството. Во овој процес за прв пат во  судската праксата во Македонија се појавува и заштитен сведок под псевдоним ,,Бреза,, . Апелација бара за новото судење да се изврши реконструкција, ново полиграфско вештачење на обвинетите но и на заштитениот сведок,, Бреза.

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »