речник контакт

Промовирана книгата поезија ,,Отворена книга ,, на Раде Силјан

Оваа промоција беше дел од содржините на манифестацијата ,,Велес град на културата,,

Петар Печков

Во велешката библиотека беше македонската промоција на најновата книга, збирка поезија на Раде Силјан ,, Отворена книга,,.  Книгата е издание на Матица Македонска и е составена од единаесет песни поделени в о три циклуси, кои се дел од една  тематска целина. 

  Во оваа година кога Силјан одбележува 65 години живот и 40 години од издавањето на првата негова поетска книга,  задоволство е да се промовира неговата 20-та  поетска книга ,, Отворена книга,,.  Доволно за неговата поезија зборува што е тој еден од најнаградуваните автори во земјава.   Тоа што воодушевува кај Силјан и  што повеќето луѓе  можат да му заблазнуваат е што  тој успева да спои  две работи.  Тој ја спојува вокацијата, нешто за  што живееме,  и професијата     нешто од  што живееме.  Тој е  и  поет, и литературен   критичар, и  автор на  многу антологии   - рече промоторот проф. д-р Златко Жоглев Ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од  Битола.

Авторот за ова  дело, објаснува дека е синтеза на сите негови поетски сфаќања,  преокупации од сите  досегашни творби  периоди на работа. 

Во оваа моја книга преокупација е тоа што не преокупира последните неколку години,  во периодот на осамостојувањето. Тоа е името, нашиот идентитет, националните   превирања, самостојноста,  делбите и преселбите на македонскиот народ.  Поетската порака е чувството дека   не има и тогаш кога  не немало, а  ќе не има секогаш   кога ќе знаеме да се одржуваме  како народа и нација -  изјави авторот Силјан.

Книгата поезија ,,Отворена книга,,  е  издадена  при крајот на  минатата година.  Оваа промоција беше дел од содржините на манифестацијата ,,Велес град на културата,, .

АНКЕТА »

Колку сте задоволни од настапот на македонските репрезентативци на ЕП во одбојка?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »