речник контакт

Ракомет Борец – Куманово прекината

Натпреварот заврши предвреме во 46,46 минута при резултат 21:25 ( 13:16)

Петар Печков


Натпреварот заврши во 46,46 при резултат 21:25 ( 13:16)
Средбата помеѓу на Борец и Куманово не го дочека крајот, откако домашни навивачи влегоа во теренот, незадоволно од играта и залагањето на ракометарите на Борец. Во гужвата што настана на теренот еден гледач го турна судијата Колевски  од Скопје, по што тие се повлекоа во соблекувалните и означија крај. 

Гостинските ракометари само немо ја посматраа сликата што се случуваше, но ниту еден од нив не беше нападнат. ,,Гемиџиите,,  бурно реагираа на односот на домашните ракометари кон  клупскиот дрес уште во текот на средбата а на полувремето во соблекувалната побараа  победа, иако гостите има предност до три гола.

Нивното незадоволство кулминираше во 46,46 минута кога при резултат од 21:25 за Куманово, по серијата грешки на велешани, навивачите во знак на протест го запоседнаа теренот. А ракометарите токму  поради публиката решија на неполн час од почетокот, да го играат првенствениот натпревар, иако  не добија ништо од бараните две заостанати плати и премии. 

Во хаосот што владее во клубот, немало кој да го извести тренерот Чакарески дека сепак  ќе се игра средбата, бидејќи тој не знаел и не дошол, па  немаше кој да ја води  екипата од клупата. Додека има снага, со индивидуалните акции на Андоновски и неговите  5 гола, Борец во 9-тата минута водеше со 6:3. Гостите поведоа  во 21-та минута кога за три минути создадоа предност од три гола 9:12, која ја одржуваа во натамошниот тек од средбата.

Иако имаа можност за пресврт, ракометарите на Борец со почетнички грешки, лоши додавања, без игра и контра, , без удар кон противничкиот гол,немаа сили да израмнат. Неделната пауза во тренирањето, поради штрајкот за неисплатените пари,  очигледно остави траги во играта, која и покрај борбеноста, беше без концепција.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »