речник контакт

Репрезентативецот Брчков премина во Кожуф

По Фени Индустрии и Работнички, кошаркарскиот репрезентативец, велешанецот Брчков, следната сезона ќе настапува за клубот од Гевгелија

Петар Печков

Актуелниот македонски кошаркарски репрезентативец, велешанецот  Владимир Брчков, во следниот период ќе настапува во дресот на Кожув, потврдија официјално од клубот од Гевгелија.

Договорот е на една плус една година, односно на крајот од сезонава клубот има опција да го задржи играчот во своите редови.  Најновиот кошаркар кој му пристапи на тимот кој годинава ќе игра во БИБЛ лигата е Владимир Брчков. Македонскиот репрезентативец последната сезона ја помина во редовите на Работнички, а претходно настапуваше за Фени Индустри. Брчков потпиша договор 1+1 година. 

Тој е дел од македонската кошаркарска репрезентација во квалификациите за ЕП и дебито го имаше  во петтото коло против Данска кога одигра пет минути. Исто толку имаше и против Белорусија.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »