речник контакт

Се запали помошна просторија, близу ОУ Св. Кирил и Методиј

Изгоре бела техника и покуќнина, сопственост на Еленица Софијанова

Петар Печков

Помошна просторија, која се наоѓа близу ОУ Св. Кирил  и Методиј, од домот на Еленица Софијанова изгоре а со огнот и  дел од покуќнината.  

Во просторијата  која била лепенка  до куќата на улица Архангел Михаил 146, сопственичката ги чувала домашните апарати кои не ги користела. Изгореле телевизор, шпорет,    бојлер, дрва за  огрев. Истрагата треба да открие како дошло до пожарот, бидејќи помошната просторија не се користела за никаква намена.

Пожарот е регистриран во 12,40 ч. пожарната интервенирала веднаш и го локализирала огнот, од  кој се зафанала и  дел од   соседната куќа.   Материјалната штета ќе биде дополнително утврдена.  

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »