речник контакт

Се повеќе велешани сакаат да одгледуваат птици (фото)

Изложба на појни птици

Петар Печков

 Секоја година, за Денот на Општината, Здружението на граѓани ,,Канаринец,, пред велешката јавност претставува дел од појните птици, кои нејзините членови ги чуваат.  Така и г годинава, на нов простор, во ОУ Васил Главинов, можат да се видат 200 канаринки 50 папагали и десетина зеби и дијамантски гугутки. 

 Од година во година има се повеќе интерес за овие птици, но и совест на сограѓаните.  Од годинава имаме и нов член на друштвото, првата жена. Имаме и дете трето одделение, кое изрази желба  да биде наш член.   Годинава и забележуваме повеќе посетители, во овој нов простор, што ен радува - изјави   Стефан Шоптрајанов претседател на ЗГ Канаринец.  Годинава изложбата нема натпреварувачки карактер.

 Во холот на ОУ Васил Главинов се слушаше  веселиот звук на канаринките и папагалите,  се мешаа боите од бројните примероци на  птици. Беше пријатно и весло. И бројни деца кои дојдоа да ги видат овие животни. 

 Решив да се бавам со одгледување на големи папагали. Имам еден до родот Александар. Љубител сум на птици, ќе продолжам и со тигриците.  Имав тигрица и од него љубовта се прошири кон  другите раси на птици - објаснува Кузманова.

АНКЕТА »

Дали учениците од 1-ви септември треба да тргнат на настава во училиште?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »