речник контакт

Се реконструира и вториот кат од некогашен Радио Велес

Во иднина ќе служи на вработените од Центарот за развој на Вардарски плански регион

Петар Печков

Во тек е реконструкција на вториот кат на зградата  некогашниот Радио Велес, кое во иднина ќе го користи  Центарот за развој на  Вардарскиот плански регион.  

Со оваа втора и завршна фаза на целосната реконструкција на објектот се уредуваат просториите на катот, каде ќе  бидат сместени вработените од Вардарски плански регион. Во долниот приземен кат ќе бидат двете комори, Сојуз на стопански комори и Стопанската комора на Македонија.

Со оваа реконструкција се опфатени  поставување на термичка изолација, фасада и промена на  кровот, како и внатрешно уредување на просториите Очекувам дека на почетокот од октомври работите ќе бидат завршени и објектот ќе ги прими вработените - изјави Марко Колев раководител на Вардарскиот плански регион.

Овој проект се реализира со финансиска помош од    министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој. Вредноста е 2,9 милиони денари.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »