речник контакт

Стечајците од Велес со проблеми при барањето за месечен надоместок

Се жалат дека им се бараат дополнителни документи освен лична карта. Од Агенцијата негираат

Петар Печков

Велешките стечајци   кои бараат право на надоместок, за  25 и  повеќе години стаж во фирми со општествена сопственост се жалат дека  наидуваат на пречки во Бирото за вработување во Велес. Таму им барале документи кои никаде не биле прецизирани, ниту пропишани, поради што тие се изложени на дополнителни обврски. Бројните стечајци од Велес кои се израдуваа дека можеби ќе добијат месечен  паричен надоместок, наидуваат на сериозни пречки.

Администрацијата им бара фотокопија од трансакциска сметка, решение за престанок  на работен однос, преглед за вкупен платен стаж во ПИОМ. Иако директорот на Агенцијата во изјава кажа дека е потребна само фотокопија од лична карта, тука во Велес  се барат нови дополнителни документи.  Морам да појаснам дека само Агенцијата ја има комплетната документација за стажот на поранешните вработени. Во Историскиот архив има само за три фирми Порцеланка, Нокатекс и ГП Младост, за другите стечајните управници не ја доставиле. Тоа ја отежнува задачата на оваа категорија лица да ги најдат потребните документи  -  изјави Томо Крстиќ, поранешен стечаец сега пензионер, претседател на локалното  здружението  на стечајци СТРАВ. 

За овие три дена повеќе од 350 велешани доставиле документи со кој бараат да добијат месечен надомест затоа што имаат повеќе од 25 години стаж и работеле во фирма во општествена сопственост. На ваков надомест се надеваат и   лицата технолошки вишок од Жито Вардар, Ветекс, како и од пропаднатите Киро Ќучук, Топилница, Транс Велес, Интернационал, Велес -пром кои имаа приватни сопственици, но поранешните вработени доставија документи до Агенцијата.

Крстиќ потсети дека со претходниот Закон од 2008-та  од 983 велешани кои аплицирале, надомест добиле  десет проценти, 98 лица.  

Во Велес  имаше четири регистрирани загубари Порцеланка, Лозар, Нокатекс и Топилница. Тие имаа седум илјади вработени а надомест добија помалку од сто лица. Ова е чудно. Затоа со нетрпение ја чекаме одлуката на Владата кои се тие  320 фирми чии некогашни вработени  можат да се надеваат на стечаен месечен надомест од 7,1 илјади денари –вели Крстиќ.  Од ПЕ на Агенцијата за вработување негираат дека им се барат дополнителни документи.

Засегнатите некогашни вработени можат да достават барања само со лична карта. Не  е точно дека сме барале дополнителна документација. Ако некој ја има и ја носи, службениците ја земаат, тоа не е задолжително. Преку Фондот на ПИОМ службено ги добиваме документите, кои се за нив потребни. Имаше неколку случаи на лица кои се избришани од листата за вработување, со нив имаше проблем, други немало – вели Валентина Костенова в.д раководител на Агенцијата за вработување во Велес.

АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »