речник контакт

УЈП ќе ја испитува основаноста на изречената глоба на велешките закупци

Закупците по состанокот во УЈП, излегоа со тврдења дека истата им простена

Петар Печков

УЈП ќе ја преиспитува оправданоста за изречената глоба на велешките закупци  на деловен простор.   Ова доаѓа откако неколку дена револтираните велешани протестираа и бараа  правда,  оти според нив, тие не се  виновни,  ниту знаеле дека треба да поднесат дополнителна документација од таа што секоја година претходно ја доставувале.  По низата разговори  и преговори кои ги имаа со претставниците на велешкото даночно одделение, од УЈП информираа дека  сите засегнати треба да поднесат приговор.

Претставници о УЈП   остварија средба со граѓаните од Велес на 1-ви јули годинава, на која им беше укажано на присутните на средбата, дека секој незадоволен граѓанин може да поднесе писмено известување.  Во него  ќе ги изнесе фактите и ќе го образложи својот проблем, по што Управата за јавни приходи ќе пристапи кон нивно разгледување и проверка, односно ќе ја преиспита основаноста за поведувањето на прекршочната постапка во секој поединечен случај – пишува во писмената информација доставена од  УЈП.  

Претходно околу 400 велешани добија писмени решенија дека им е изречена глоба во висина од 200 евра, а која доколку ја платат во рок  до 8 дена изнесува 100 евра. Тоа е поради  тоа, што  сите даночни обврзници, кои изнајмуваат деловен простор или стан, куќа,   иако редовно ја плаќале обврската,  сториле   прекршок  ,, за неподнесена аконтативна даночна пријава за остварени  приходи  од имот за 2015,,  согласно Законот за  персонален данок и доход.

Поради голем број од казнетите, тие минатата седмица  со  решенијата в рака, незадоволни  и   лути неколку дена ги минаа во канцелариите на велешките даночници, барајќи правда.  Тврдеа дека никој не ги информирал за  според нив за  новината со аконтативната даночна пријава, се чудеа зошто  вакви глоби биле изречени само во Велес.  

Згора на тоа покажуваа дека на решението има само потпис,  но не и печат на УЈП. А по завршувањето  на  средбата во   даночното  одделение  на УЈП од Велес, тие излегоа среќни, оти добиле уверување, дека глобата им е  избришана. 

Ни рекоа дека сме ослободени и за наредната година навреме да си ги доставиме аконтативните даночни пријави, за да ни се случи повторно да бидеме казнети. Оваа година сме само  опоменати а за наредната ако не пријавиме ќе бидеме казнети – изјавија закупците.

Ова нивно толкување е спротивно со тоа што го дадоа официјалните претставници на УЈП, дека тие ќе испитуваат дали глобите се  законски изречени.

АНКЕТА »

Дали е потребно забрана за користење на мобилни на наставата во училиштата?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »