речник контакт

Филмот ,,До балчак,, на бис

Поради голем интерес уште три дена филмот пред велешани

Петар Печков

Македонскиот филм ,,До балчак,, дело на Столе Попов,, во Велес ќе се прикажува уште три дена. Овие дополнителни кино проекции се поради големиот интерес што владеел за филмот.

Во петокот салата беше полу исполнета, во саботата полна додека во неделата моравме да вратиме дел од гледачите бидејќи немаше повеќе место. Затоа филмот ќе се прикажува уште три дена, реши продуцентот – изјавија од Центарот за култура, кој е задолжен за проекциите.
 До бачлак, ќе се прикажува вторник, среда и четврток исто така од 19 ч. во салата на стариот театар по цена од 100 денари.

"До балчак" е приказна за богата млада Британка од Франција (Инти Шрај), која со млад Македонец, париски студент од богата куќа (Мартин Јорданоски), тргнала кон Солун во 1907 и заглавила во постилинденска Македонија каде што турскиот аскер крваво го задушил востанието, народот страда од насилството, комитите се разбиени, без раководство и идеја, а сите се бијат меѓу себе. Таа ќе се судри со локалниот турски командант (Тони Михајловски) и ќе има љубовна афера и со студентот и со еден војвода (Сашко Коцев).

Улогите во филмот ги толкуваат: Инти Шрај, Мартин Јорданоски, Сашко Коцев, Сенко Велинов, Тони Михајловски, Мики Манојловиќ, Никола Којо, Никола Ристановски, Јовица Михајловски, Искра Ветерова, Јордан Симонов, Драган Спасов, Ана Костовска, Гораст Цветковски, Владо Јовановски, Камка Тоциновски

Време траење: 165min.
Режија & Ко-Сценарист: Столе Попов
Сценарио: Горан Стефановски
Директор на Фотографија:Апостол Трпески
Музика: Дуке Бојаџиев
Костимографија: Емилија Ивановска
Продукција: TRIANGLE FILM

АНКЕТА »

Дали учениците од 1-ви септември треба да тргнат на настава во училиште?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »