речник контакт

Французинката Луси Берелович, гостинка на Фестивалот на Стоби

Најавува соработка на театарот од збратимeниот Шербур со велешкиот. Какви се нејзините впечатоци од фестивалот на античка драма?

Петар Печков

Французинката Луси Берелович беше гостинка на Фестивалот на античка драм,,Стоби,,. Таа е  театарска режисерка, која завршила на Академијата во Москва,Русија а во Велес престојуваше заради соработка со велешкиот театар, но и да види дел од продукцијата на Фестивалот.  Берелович  која има триесет и шест години, има настапувано и како актер и има своја   театарска трупа ,,Три скалила,, и опфаќа три уметности музика, танц и театар.

Што беше целта на Вашата посета на Велес?

Мојата театарска  трупа работи во францускиот град Шербур, кој е збратимен со Велес.  Моите последни четири претстави кои ги работев беа во  продукција со градскиот театар. Еден од тие е претставата ,,Антигона,, која ја работиме со театарот од Киев и желба ни е следната година таа рептства да ја одиграме на Вашиот Фестивал ,,Стоби,,.  Директорката на театарот од Шербур има идеја да се направи еден проект помеѓу Франција, Украина и Македонија. Тоа била претстава помеѓу велешкиот театар, Фестивалот ,,Стоби,, Фестивалот ,,Гогољ фест,, од Киев и  театарот од Шербур и мојата театарска трупа.

Каков впечаток остави Фестивалот ,,Стоби,, кај Вас?

Мојата желба беше да ги видам сите претстави на Фестивалот, но морам порано да заминам. Жалам што не можам да ја видам велешката претстава работена со словенечкиот театар.   Не го открив ниту  Македонскиот театар, и не видов ниту една од претставите кои следат. 

 Каков впечаток оставија кај Вас, претставите кои ги следевте?

Првата  ,,Антигона,, беше камерна претстава и интересна. Со многу снажна и богата  игра на актерката. Како гледач ме интересира автентичноста на чувствата, што актерите ги пренесуваат. Бидејќи не го разбирам јазикот се раководам од чувствата. Исто беше и со грчката претстава ,,Античка крв,,.  Во неа имаше многу добро владеење со песната, со танцот, со играта.  Недостигаа варијации, беше многу во една линија, движење, темпо. Актерките многу добро владееја со сцената.

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »